Image Alt

Персонални Тренинзи

Персоналните тренинзи не мора да имаат име. Битна е вашата цел и што сакате да постигнете со тренингот: слабеење, качување килажа, корективни вежби заради одредена повреда, кондиција, сила. Затоа се изработува индивидуална програма, според крајната цел на клиентот. Во склоп на персоналните тренинзи добивате и исхрана бидејќи е многу важна за да се постигнат саканите резултати. 

Придобивки од персонален тренинг

Придобивките да се има личен тренер се големи, освен што програмата ќе биде направена специјално за клиентот, целиот час е посветен на правилно изведување на вежбите, корекција и едукација. Доколку има одредена потешкотија во изведување на вежбите или повреда, може индивидуално да се посвети поголемо внимание на тој дел и да се подобри состојбата. Ќе ви помогнеме да поставите реална цел и со заедничка сила да придонесеме истата да се оствари. Те водиме низ целиот процес не само вежбањето, бидејќи тоа е само еден дел од целиот процес, како и уште многу други придобивки и лични совети.

Видови на персонални тренинзи

  • Total body Workout online или во сала
  • Crosffit  во сала
  • Функционален тренинг online
  • Crosffite VIP група до 5 луѓе во сала
  • Персонални тренизни со спортисти според нивната потреба

Термините се флексибилни и се договараат.

Цената за персонални тренинзи се движи од 800 до 1.200 денари од час во зависност од тоа колку пати неделно ќе се вежба и која програма.

Во цената е вклучена исхрана и кратки тренинзи дополнително од персоналните.

Close
Контакт

Елена: + 389 (78) 344 – 897

Атанас: + 389 (75) 631 – 667

Социјални мрежи
About