Што е функционален фитнес?
Тренинг програма која по методологијата се карактеризира како силова и кондициска програма. Во основа се користат повеќе зглобни функционални движења, постојано променливи по траење и модалитет изведени со релативно висок интензитет.
Зошто функционален фитнес?
Целта на оваа силова и кондициска програма е да се подигне нивото на трите главни метаболички патишта на нашиот систем, и тоа фосфагенскиот систем (енергија дирекно складирана во мускулатурата), гликолизата (од шеќерите во крвта или мускулите) и аеробниот систем (со помош на кислородот). Кога ќе почнеме да ги употребуваме и подобруваме сите овие метаболички патишта ќе го доведеме нашиот систем во максимална поволна позиција и во потполно искористен капацитет. За тоа е нашето тело еволуирано.
Како ги класифицирамЕ тренинзите?
Првата група на вежби се основните гимнастички движења со сопствена тежина како чучнување, скокање, буткање од земја, повлекување на вратило и слично. Исто така се учат и употребуваат и покомплесни движења како вежби на гимнастички алки, стоење и одење на раце, издршки и слично.
Втората група на вежби се алатки кои ги употребуваме е ефикасно движење на надворешни објекти каде што употребуваме најразлични вежби со руски ѕвона, еднорачни тегови, тренинг топки, санки со тежина, вреќи со тежина и слично. Во овој тип на адаптација на нашиот централен нервен и мускуло-скелетен систем се неминовни и вежбите со олимписка шипка, олимписко извлекување и нафрлување. Целата техника на изведба на овие вежби ги тестираат многу од аспектите на нашата физичка подготвеност како координација, агилност, баланс, брзина и сила. Ова не значи дека сите на нашите тренинзи ќе подигаат големи тежини, но стимулот од изведбата на овие движења изведени под насоки од тренер можат многу да придонесат кон подобрување на еден аспект од физичката подготвеност која генерално се занемарува.
Третата група се вежби со кои ја подобруваат метаболичката кондиција или попозната како “кардио”. Тука спаѓаат трчањето, веслањето, возењето велосипед, пливањето, нордиското скијање и слично. Тука се обидуваме колку што е можно да сме поразновидни во комбинација на истите како би добиле најголема адаптација од изведба на овие елементи со сите останати.
Програмата која се тренира на групните тренинзи е дизајнирана во неколку фази. Се започнува со макро циклуси кои најчесто се во траење од 3 до 4 месеци каде генерално се одредува насоката на генералната популација која тренира во тој период во салата, дали и кој аспект од генералната физичка подготвеност треба да се таргетира за да се подобри. Вториот чекор е поделба на овој циклус на неколку микро циклуси каде се таргетира оваа слабост и се програмира планска периодизација како би се подобрила истата. На крајот се планираат и контролни денови на кои сето ова може да се тестира и провери дали е во правилна насока програмирањето и да се оптимизира подетално ако има потреба од истото.
Каде се одвиваат тренинзите?
Салата се вика Ultimate Fit Alebras, истата располага со повеќе од 600m2 пространство и 7 метри висина. Станува збор за огромна хала која не е во подрум, а со исто толку простор имаме и на отворено лоциран одма до неа кој располага со сите капацитети за време на летните денови. Салата е (провери галерија) опремена со најнова опрема од еднорачни тегови, топки за вежбање, руски ѕвона, ластици, босу топки, степери, кутии за са скокање, TRX и реквизити.