Што е Total Body Workout?
Претставува програма чија содржина се различни тренинзи на неделно и месечно ниво кои опфаќаат генерален фитнес, тонизирање на мускули, сила и согорување маснотии. Се таргетираат сите делови на телото со помош на соодветни тежини и вежби кои го вклучуваат и сосптвеното тело. Се работат интервални тренинзи, тренинзи за издржливост, за кондиција и сила. Секој час е различен, предизвикувачки, тежок и интересен, па така и со нетрпение чекаш следен час.
Тренинзите се одвиваат во сала и онлајн.
Кој може да биде дел од оваа програма?
Тренинзите се наменети за секого: почетници, напредни вежбачи, спортисти и секој еден што се има решено дека сака квалитетен саат рекреативно да спортува. Програмата е направена да може да се вклопи секој во група, со помош на заменски вежби, помал интензитет и повторувања. Секој може да се пријави за пробен бесплатен час или недела, за да точно осети и види за што станува збор.
Зошто Total Body Workout?
Придобивки од овој тип на тренинзи има многу а дел од нив се: подобар аеробен капацитет, поздрав кардиоваскуларен систем, тонизирани мускули, намалени вишок на маснотии, поголема концентрација, повеќе енергија, поздрав грб и ФИТ тело.
Каде се одвиваат тренинзите?
Салата се вика Ultimate Fit Alebras, истата располага со повеќе од 600m2 пространство и 7 метри висина. Станува збор за огромна хала која не е во подрум, а исто толку простор имаме и на отворено лоциран одма до неа кој располага со сите капацитети за време на летните денови. Салата е (провери галерија) опремена со најнова опрема од еднорачни тегови, топки за вежбање, руски ѕвона, ластици, босу топки, степери, кутии за са скокање, TRX и Crossfit реквизити.
Онлајн тренинзи
Онлајн тренинзите се исти освен што сме лимитирани за користење на определена опрема, но и тие си имаат своја предност: доколку ви е далеку салата или не сте од Скопје а сакате да вежбате со мене онлајн е одлична опција да се приклучите. Не се губи време за одење до сала, имаме одлично разработена програма која дава екстра стимул, часовите се интересни и различни и сте извежбани и од дома. Доколку имате деца може да вежбаат со вас и да им бидете одличен пример. Од реквизити за дома користиме тегчиња (кој нема полниме ранец со води), мал и голем стабилен стол, крпи за лизгање по под, стап. Се вежба на ZOOM апликацијата, а линкот ви го испраќам со претходна најава.