Елена Бубало
Дипломиран биохемиски инженер, специјализирана за групен и персонален тренер на факултетот ДИФ во Белгард.
Веќе 13 години држам групни тренинзи (дополнително и персонални). Започнав со аеробик и следејќи ги трендовите, групите, вежбачите, проследенo со многу семинари и обуки надвор од Македонија, дојдов до една своја програма која го носи името Total Body Workout by Bubalo.
Веќе 13 години држам групни тренинзи (дополнително и персонални). Започнав со аеробик и следејќи ги трендовите, групите, вежбачите, проследенo со многу семинари и обуки надвор од Македонија, дојдов до една своја програма која го носи името Total Body Workout by Bubalo.
Јас вежбам се што вежбаат моите вежбачи во групите. Дополнително, последните 4 години вежбам и CrossFit под менторство на Атанас и некако овие две програми ги уживам во комбинација и со нив ги постигнувам саканите резултати.
Мајка сум на две мали деца, кои ми се секојдневна инспирација и мотив да ја ширам оваа мисија за рекреативна физичка активност која значи здравје и подолг живот. Атанас е мојот партнер со кој заедно го работиме ова и се надополнуваме секој ден со нови идеи, тренинзи и резултати.
Атанас Михајловски
Дипломиран информатичар и вљубеник во активниот начин на живот. Носител на лиценца од ниво 2 за Crossfit доделена од “Crossfit HQ”. Пасиониран уживател на овој тип на фитнес и неговите придобивки повеќе од 10 години, а од 2015 главен тренер во УФ Алебрас.
Секојдневие исполнето со тренинзи со понекогаш и стотина наши членови пробувам да ја доближам мојата пасија и љубов кон спортот на Crossfit и придобивките од истиот. Од почетници, рекреативци, натпреварувачи па се до професионални спортисти на сите нив им треба подобрување на индивидулниот фитнес независно од тоа дали ќе им послужи во спортот во кој се или едноставно да си ја подобрат општата физичка подготвеност. Тука методологијата на кросфитот е таа која го овозможува тоа и воедно е мојот најголем предизвик. Работата со луѓе ме исполнува и резултатите кои се неизбежни се тие кои ме мотивираат да се вложам уште повеќе во оваа приказна.
Огромна среќа моја е што целото мое семејството безусловно ме поддржува и заедно го градиме патот на една поздрава, посреќна и посплотена заедница.